НВО Алфа Центар од Никшиќ, го организира 6-тиот по ред Регионален евроатлански камп REACT 2014, кој ќе се одржи од 14 до 19 јули, во Андрејевица – Република Црна Гора.
Кампот, е отворен за студенти на МИТ Универзитет, кои се заинтересирани за следниве области:
- креирање на политики кои имаат за цел да го поттикнат интересот на населението за регионалната безбедност;
- искажување на јавна подршка за проекти со кои се промовира регионалната соработка, и се зајакнува меѓународната и регионалната безбедност;
- отварање на дебати кои би имале за цел јакнење на јавното мислење во однос на ЕУ и НАТО, со цел подобрување на перцепцијата на граѓаните за евроатланските интеграции, и придобивките од нив на политички и економски план.
Поаѓајќи од фактот дека примарните национални и геостратешки интереси на државите од регионот на Југоисточна Евопа се членство во НАТО и ЕУ, основниот фокус на REACT 2014, ќе биде унапредување на знањето на учесниците за НАТО пактот, и споделување на искуствата помеѓу предавачите и учесниците во однос на оваа тематика, со цел осознавање на новиот политички профил на оваа безбедносна организација.
Вториот фокус на кампот, ќе биде насочен кон правење на компаративни анализи, и споделување на искуствата од државите во регионот за процесот на евроатланска интеграција. Овој фокус, има за цел доловување на реалните проблеми, со коишто се соочуваат државите за време на интегративниот процес, односно осознавање на влијанието на интеграцијата и членството (реформите во економијата, политичкиот систем, судството, безбедносните прашања и.т.н.) во НАТО и ЕУ, врз секојдневниот живот на граѓаните од регионот.
Предавачи на Кампот 2014, ќе бидат видни лица од општествениот и политичкиот живот во државите од Југоисточна Европа, како и професори и аналитичари, кои ја истражуваат националната и меѓународната безбедност.
Голема чест за МИТ Универзитет е, што како предавач на Кампот, ќе учествува и д-р Оливер Андонов од МИТ Факултетот за безбедност.
Услови за учество и трошоци:
Право на пријавување за учество на овогодинешниот камп имаат студенти од МИТ Универзитет, коишто се заинтересирани за унапредување на своите знаења за НАТО како политичка и безбедносна организација, како и за современите проблеми и концепти на регионалната соработка и меѓународната безбедност. Работен јазик на Кампот ќе биде англискиот, и потребно е апликантите солидно да го владеат истиот.
Како студенти на МИТ Универзитет, имате право на бесплатно учество на Кампот. Организаторот ги покрива сите трошоци поврзани со вашиот престој, како сместување, исхрана, учебни материјали и 50% од трошоците кои ќе ги имате за превоз до локацијата на која ќе биде организиран Кампот
Пријавување:
Доколку сте заинтересирани да се пријавите за учество на Кампот, потребно е да испратите;
- Прашалник за пријавување
- CV
- Мотивациско писмо
На e-mail: office@reactmontenegro.me, до 6 јуни 2014 година.(за студентите на МИТ Универзитет е до 10 јуни 2014 година) или по пошта на адресата:
NGO ALPHA Centre
Serdara Jola Piletica 1, 81400 Niksic, Montenegro
(Прашалникот за аплицирање, може да го симнете од тука)
Доколку ви е потребна препорака, може да го побарате д-р Оливер Андонов на следниов е- mail: andonov.oliver@yahoo.com
За повеќе информации посетете ја следнава страница: http://reactmontenegro.me
Канцеларија за ЕРАЗМУС и меѓународна соработка
МИТ Универзитет Скопје
(Уредувано од Невена Ристова - оригинално испратено на Friday, May 30 2014, 02:41 PM)
(Edited by Арменд Салиу - (admin) - original submission Friday, 30 May 2014, 06:14 PM)