Новости и Соопштенија

Известување за одржување летна школа во ЦЕРН

 
 
Слика од Admin User
Известување за одржување летна школа во ЦЕРН
од Admin User - петок, јануари 3 2014, 12:35
 
Почитувани студенти,

Долгогодишната соработка меѓу Европскиот Центар за Нуклеарни Истражувања (ЦЕРН)во Женева, Швајцарија и Националната Агенција за Нуклеарни Технологии на Република Македонија (НАНТ) секоја година овозможува престој и пракса на студенти во ЦЕРН во склоп на летните школи. Така и летната 2014 школа на ЦЕРН им ги отвора вратите на македонските студенти да аплицираат за учество.
Условите за пријавување што треба секој студент да ги исполнува се:
- просек >9
- познавање на англиски јазик
- препораки од двајца професори
- кратка биографија (CV)

Заинтересираните студенти нека ги пратат документите на НАНТ до 10.јануари 2014 година и тоа на info@nant.gov.mk.


МИТ Универзитет