Новости и Соопштенија

Конкурс за Еразмус мобилност

 
 
Слика од Admin User
Конкурс за Еразмус мобилност
од Admin User - среда, ноември 6 2013, 12:42
 
Врз основ на Законот за Високо образование, Правилникот на МИТ Универзите, Еразмус програмата и соработката и насоките од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност, Еразмус канцеларијата на МИТ Универзитет распишува ИНТЕРЕН,


К О Н К У Р С
за избор на студенти од МИТ Универзитет за учество во Еразмус мобилност за летниот семестар во академската 2013-2014


На конкурсот имаат право да учествуваат сите редовни студенти кои ги исполнуваат условите да во академската 2013-2014 година запишат 2, и 3 студиска година на прв циклус студии (додипломски студии) и студентите од 4 студиска година на втор циклус студии (последипломски-магистерски студии).
Студентите е потребно добро да го познаваат Англискиот јазик, а за што од страна на лекторите од МИТ Универзитет ќе биде спроведено тестирање.

Студентите може да аплицираат за следните мобилности:

1. Една мобилност во траење од 5 (пет) месеци на Факултетот за специјални технологии на Универзитетот „Александар Дупчек“ во Тренчин, Словачка Република,
2. Една мобилност во траење од 5 месеци на Одделот за политички науки на Универзитетот „Александар Дупчек“ во Тренчин, Словачка Република,
3. Две мобилности во траење од по 5 месеци на насоката менаџмент на Економскиот факултет на Универзитетот „Јосип Јурај – Штросмаер“ во Осијек, Република Хрватска,


Конкурсот е отворен до 20.11.2013 година до 14.00 часот. Апликациите да ги поднесете електронски на е маил: katerina.veljanovska@mit.edu.mk и во печатен облик кај колешката доцент д-р Катерина Вељановска.

Формуларот за апликација ќе го најдете на нашата web страна.

Наставата на универзитетот „Александар Дупчек“ во Тренчин студентите ќе може да ја следат на Словачки и Англиски јазик, а на универзитетот „Јосип-Јурај Штросмајер“ на Хрватски и Англиски јазик.

Со почит,
Еразмус канцеларија
МИТ Универзитет