Новости и Соопштенија

Известување за одржување на обуки во соработка со NLP Центар - Белград

 
 
Слика од Admin User
Известување за одржување на обуки во соработка со NLP Центар - Белград
од Admin User - понеделник, септември 30 2013, 2:30
 
Почитувани студенти,

Со цел реализација на активностите за подигнување на едукативното ниво и подобрување на знаењата и вештините на студентите, МИТ Центарот за квалитет и развој на кариера во соработка во NLP Центарот - Белград, во среда, 02.10.2013 година, со почеток во 12 часот во амфитеатарот на МИТ Универзитет организира обука на тема: Усогласување - Мост на довербата.

За студентите на МИТ Универзитет учеството на обуката е бесплатно.

Студентите кои ќе земат учество на обуката ќе се здобијат со сертификат од NLP Центарот и МИТ Центарот за квалитет и развој на кариера.

Ве молиме да го потврдите вашето присуство на следниот e-mail: career@mit.edu.mk

Ве очекуваме,
МИТ Центар за квалитет и развој на кариера