Новости и Соопштенија

Известување за новите студенти на МИТ Универзитет

 
 
Слика од Невена Цонева
Известување за новите студенти на МИТ Универзитет
од Невена Цонева - среда, септември 25 2013, 2:24
 
Почитувани студенти,

Ви го честитаме почетокот на вашите академски студии. Воедно сакаме да ве известиме за термините во првата академска недела:

1. Консултации со предметните професори и асистенти во врска со предметната програма, потребните материјали и изборот на најсоодветни предмети за соодветните модули

2. Обуки за електронскиот систем moodle во компјутерската лабораторија, и тоа според следниот распоред:

26.09.2013 (четврток):

- 10:00 – 11.00 часот: Факултет за архитектура

- 11:00 – 12:00 часот: Факултет за безбедност, криминологија и финансиска контрола

- 12:00 – 13:00 часот: Факултет за психологија

27.09.2013 (петок):

- 10:00 – 11.00 часот: Факултет за правни науки, меѓународни односи и дипломатија

- 11:00 – 12:00 часот: Факултет за менаџмент на туризам, Факултет за менаџмент на еколошки ресурси

- 12:00 – 13:00 часот: Факултет за менаџмент, Факултет за компјутерски науки и технологии

За дополнителни информации во врска со вашите податоци за пристап на електронскиот систем moodle, контактирајте го асистент Дарко Данилоски на darko.daniloski@mit.edu.mk или на mail: armend.saliu@mit.edu.mk

Ви посакуваме многу успех!
МИТ Универзитет