Почитувани студенти,
МИТ Универзитет како партнер на Високата школа за меѓународни односи и дипломатија во Загреб „Даг Хамасјорлд“ поканет е да учествува на студентската конференција која е во организација на Високата школа за меѓународни односи и дипломатија „Даг Хамасјорлд“ од Загреб. Конференцијата ќе се одржи од 08.10. до 11.10.2013 година во Загреб во просториите на Високата школа „Даг Хансјорлд“.
МИТ Универзитет Ве повикува да учествувате на оваа конференција на која како предавачи ќе присуствуваат политичари, дипломати и професори од повеќе држави од регионот и Европа при што студентите ќе може да поставуваат прашања и активно да се вклучат во дискусијата за сите прашања во врска со темите од предавањата. Покрај ова, студентите ќе може да остварат контакт со своите колеги од Загреб, како и од другите
партнерски високошколски установи кои ќе присуствуваат на конференцијата, а со цел создавање на студентска мрежа и размена на искуства.
Бројот на студенти кои ќе присуствуваат на конференцијата не е ограничен.
Високата школа „Даг Хансјорлд“ обезбедува исхрана и пијалоци во рамките на конференцијата, додека патните трошоци и трошоците за сместување (во хостел) ги сносат учесниците на конференцијата во личен ангажман.
За повеќе детали околу конференцијата можете да се консултирате со Доцент д-р Оливер Андонов. Пријавувањето за учество на конференцијата е до 30.09.2013 година кај колешката д-р Катерина Велјановска.
Со почит,
Еразмус канцеларија на МИТ Универзитет