Новости и Соопштенија

Центар за квалитет и развој на кариери

 
 
Admin User 'ın resmi
Центар за квалитет и развој на кариери
yazan Admin User - 30 Nisan 2013, Salı, 14:16
 
Почитувани студенти,

Центарот за квалитет и развој на кариера при МИТ Универзитет, ве известува дека во понеделник, 9 мај 2013 година, во амфитеатарот на МИТ Универзитет, со почеток во 11:00 часот, ќе започнат обуките кои ќе бидат организирани во соработка со NLP Центар - Белград.
Тема: NLP Business Practitioner Modul 1 (Невролингвистично програмирање)
Центарот за квалитет и развој на кариера ги организира овие обуки за да им помогне на нашите сегашни, минати и идни студенти во нивната понатамошна професионална реализација. Се надеваме дека со оваа активност ќе бидат збогатени вашите персонални вештини.
Со цел подигнување на едукативното ниво и подобрување на знаењата и вештините, обуките за сите апликанти кои ќе го пополнат приложениот формулар ќе бидат бесплатни.
Формулар за регистрација на присуство

Со почит,
Центарот за квалитет и развој на кариера
МИТ Универзитет
career@mit.edu.mk