Новости и Соопштенија

Известување за студентите од Безбедност и финансиска контрола

 
 
Picture of Admin User
Известување за студентите од Безбедност и финансиска контрола
by Admin User - Wednesday, 16 May 2012, 1:26 PM
 
Почитувани студенти,

Се известуваат сите студентите од втора и трета година од Факултетот за менаџмент, насока Безбедност и финансиска контрола, дека во рамките на редовните наставни активности се организира едукативна посета. Во организација на проф. д-р Слнчомир Вељанов и доц. д-р Оливер Андонов ќе се изведе едукативна посета на криминалистичкиот музеј во Идризово и лабораторијата на криминалистичка техника во МВР.
Сите редовни и вонредни студенти од втора и трета година да се пријават кај м-р Александар Дејановски најдоцна до понеделник, 21.05.2012 година.
За терминот за посета ќе бидете дополнително известени, но истиот нема да биде подоцна од последната недела во месец мај.
Изведувањето на посетата е во рамките на редовните наставни активности и ќе се смета како присуство на настава.

Со почит,
доц. д-р Оливер Андонов
м-р Александар Дејановски