Новости и Соопштенија

Известување за глобалниот младински натпревар Challenge:Future 2011/12

 
 
Admin User 'ın resmi
Известување за глобалниот младински натпревар Challenge:Future 2011/12
yazan Admin User - 2 Mart 2011, Çarşamba, 15:10
 
Почитувани студенти,

Имаме чест да ви најавиме дека глобалниот младински натпревар Challenge: Future 2011/12 е официално отворен. За детални информации отворете го линкот на еден од најголемите, најдостапните, најфер и најмотивирачки натпревари за студенти од целиот свет.
Темата на натпреварот 2011/12 е Fun+Meaning2=2030, т.е. значењето на забавата со тоа што младите се предизвикани да најдат креативни идеи и солуции за забава во учењето, во работењето, во волонтирањето, во откривањето, итн. што ќе придонесе за создавање иднина што ќе функционира за сите. Повеќе детали во линкот.

Студентите може да се пријават, да формираат тимови, да поканат ментор и да работат на своите идеи во првиот круг од 23 февруари до 24 март 2011. Колку порано се инволвираат, толку подобро ќе бидат подготвени да се натпреваруваат за големата награда од 20,000 евра и други бенефиции од оваа инспирирачка глобална иницијатива.

Повеќе материјали како постери, брошури и слично може да се превземат на линкот.
За било какви прашања може да се обратите на Dan Croitor (dan@challengefuture.org).

МИТ Универзитет