МИТ Универзитет

Новости и Соопштенија

Слика од Драгица Трајковска
Известување за плаќање на школарина
од Драгица Трајковска - вторник, 6 мај 2025, 09:45
 

Почитувани студенти,


Се известуваат студентите на МИТ Универзитет Скопје дека вкупниот износ на школарина за академската 2024/2025 година имаат обврска да ја регулираат заклучно на ден 30.05.2025 година.

Неисполнувањето на финансиските обврски поврзани со студирањето подразбира дека истите нема да бидат во можност да пријават колоквиуми и испити почнувајќи од мајска испитна сесија и колоквиумска сесија.

Студентите имаат обврска да постапат согласно Известувањето кое е во нивен интерес.


Со почит,

МИТ Универзитет



 
Слика од Драгица Трајковска
МАЈСКА ИСПИТНА СЕСИЈА
од Драгица Трајковска - понеделник, 5 мај 2025, 12:28
 

Почитувани студенти,

 

Ве информираме дека пријавувањето на испити за Мајска испитна сесија (вонредна сесија) ќе се спроведе во период од 06.05.2025 - 12.05.2025 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија во зависност од тоа колку испити ќе пријавите), секој работен ден од 12:00 -15:00 часот.

Мајската испитна сесија ќе се одржи во период од 19.05.2025 - 23.05.2025 година. Термините за ...

Прочитајте го остатокот од оваа тема
(209 зборови)
 
Слика од Драгица Трајковска
Известување за неработен ден 05.02.2025 година
од Драгица Трајковска - среда, 30 април 2025, 13:08
 

Почитувани студенти,


МИТ Универзитет Скопје по повод Првомајските празници, донесе Одлука петок 02.05.2025 година да не се работи.

Со цел да не се наруши образовниот процес, студентите дополнително ќе бидат известени за денот кога ќе се одработи истиот ден.

На сите студенти им го честитаме празникот и посакуваме истиот да биде мотивација за уште поголеми академски успеси!


Со почит,

МИТ Универзитет


 
Слика од Драгица Трајковска
Распоред за полагање во Априлска испитна сесија на Факултет за дентална медицина
од Драгица Трајковска - петок, 11 април 2025, 10:32
 

Почитувани студенти,


Во прилог е распоред за полагање во Априлска испитна сесија во академската 2024/2025 година на Факултет за дентална медицина.


Со почит,

МИТ Универзитет

Слика од Драгица Трајковска
Распоред за колоквиумска недела во академската 2024/2025 година на ФПНМОД
од Драгица Трајковска - вторник, 1 април 2025, 11:26
 

Почитувани студенти,


Во прилог е распоредот за колоквиумска недела во летен семестар, во академската 2024-2025 на ФПНМОД.


Со почит,

МИТ Универзитет