Почитувани студенти,
За време на летниот распуст МИТ Факултетите организираат летен кампус во Македонски Брод, со времетраење од 10 дена, во рамките на кој ќе се организираат семинари и екскурзии до околните локалитети. Цената изнесува 1500 денари дневно, во што е вклучен полн пансион, превозот до и од летниот кампус, како и екскурзиите. Се молат заинтересираните студенти да се пријават за летниот кампус во службата за студентски прашања. Точните датуми ќе бидат објавени дополнително.
Поздрав,
Кристијан.