Предметот ги опфаќа основните физиолошки принципи и механизмите на функционирање на човечкиот организам, со акцент на физиологијата на клетките, ткивата, органите и органските системи. Целта е студентите да стекнат знаења за нормалните физиолошки процеси и нивната меѓусебна поврзаност, како основа за разбирање на здравјето и болестите, со посебно значење за примената во денталната медицина.