Новости и Соопштенија

Септемвриска испитна сесија 2025/2026

 
 
Picture of Admin User
Септемвриска испитна сесија 2025/2026
by Admin User - Thursday, 13 August 2026, 3:22 PM
 

Почитувани студенти,



Ве информираме дека пријавувањето на испити за Септемвриска испитна сесија (редовна сесија) ќе се врши во период од 17.8.2026 - 21.8.2026 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, направена копија во зависност од тоа колку испити ќе пријавите, секој работен ден од 12:00 -15:00 часот.

Септемвриската испитна сесија ќе се одржи во период од 31.8.2026 - 4.9.2026 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат испити во септемвриска испитна сесија.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на испитната сесија.

НАПОМЕНА: Студентите кои се запишани на Факултет за психологија, Факултет за дентална медицина и Колеџ за медицинска козметологија и физиотерапија, пријавувањето на септемвриска испитна сесија ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Кисела Вода.

Студентите кои се запишани на Факултет за правни науки, меѓународни односи, Факултет за безбедносни науки, Економски факултет и Факултет за архитектура, пријавувањето на септемвриска испитна сесија ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Аеродром.





Со почит,

МИТ Универзитет