Новости и Соопштенија

Запишување на летен семестар во академската 2025/2026 година

 
 
Драгица Трајковска 'ın resmi
Запишување на летен семестар во академската 2025/2026 година
yazan Драгица Трајковска - Perşembe, 29 Ocak 2026, 1:19 ÖS
 

Почитувани студенти,

 

Ве информираме дека Запишување на летен семестар во академската 2025/2026 година ќе се врши во период од 02.02.2026 – 06.02.2026 година. Потребно е сите студенти да пополнат семестрален лист за запишување на семестар во службата за студентски прашања со приложена уплатница , секој работен ден од 12:00 -15:00 часот.

Ве замолуваме за ажурност и редовност за запишување на летен семестар, со цел непречено одвивање на Вашиот академски статус.

НАПОМЕНА:  Студентите кои се запишани на Факултет за психологија, Факултет за дентална медицина и Колеџ за медицинска козметологија и физиотерапија, запишувањето на летниот семестар ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Кисела Вода.

Студентите кои се запишани на Факултет за правни науки, меѓународни односи, Факултет за безбедносни науки, Економски факултет и Факултет за архитектура, запишувањето на летниот семестар ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Аеродром.

 

 Со почит,

 МИТ Универзитет