Новости и Соопштенија

МАЈСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

 
 
Picture of Драгица Трајковска
МАЈСКА ИСПИТНА СЕСИЈА
by Драгица Трајковска - Monday, 5 May 2025, 12:28 PM
 

Почитувани студенти,

 

Ве информираме дека пријавувањето на испити за Мајска испитна сесија (вонредна сесија) ќе се спроведе во период од 06.05.2025 - 12.05.2025 година. Потребно е сите студенти да пополнат пријави во службата за студентски прашања со приложена уплатница која ќе биде прикачена на секоја пријава (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија во зависност од тоа колку испити ќе пријавите), секој работен ден од 12:00 -15:00 часот.

Мајската испитна сесија ќе се одржи во период од 19.05.2025 - 23.05.2025 година. Термините за полагање ги одредуваат професорите во договор со студентите.

Напоменуваме, дека сите студенти кои нема да се придржуваат на горе наведените препораки нема да можат да полагаат испити во мајската сесија.

Ве замолуваме за ажурност и редовност со пријавувањето, со цел непречено одвивање на испитната сесија.

 

НАПОМЕНА:  Студентите кои се запишани на Факултет за психологија, Факултет за дентална медицина и Колеџ за медицинска козметологија и физиотерапија, пријавувањето на мајска испитна сесија ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Кисела Вода.

Студентите кои се запишани на Факултет за правни науки, меѓународни односи, Факултет за безбедносни науки, Економски факултет и Факултет за архитектура, пријавувањето на мајска испитна сесија ќе го направат во објект МИТ Универзитет во Аеродром.


Со почит,

МИТ Универзитет