Почитувани студенти,
Ве информираме дека Запишување летен семестар ќе се врши во период од 03.02.2025 – 07.02.2025 година. Потребно е сите студенти да пополнат семестрален лист за запишување на семестар во службата за студентски прашања со приложена уплатница (Ве молиме уплатниците да ги носите со себе, или во оригинал или направена копија), секој работен ден од 12:00 -15:00 часот.
Ве замолуваме за ажурност и редовност за запишување летен семестар, со цел непречено одвивање на Вашиот академски статус.
НАПОМЕНА: Студентите кои се запишани на Факултет за психологија, Факултет за дентална медицина и Колеџ за медицинска козметологија и физиотерапија, запишување на летниот семестар ќе направат во објект МИТ Универзитет во Кисела Вода.
Студентите кои се запишани на Факултет за правни науки, меѓународни односи, Факултет за безбедносни науки, Економски факултет и Факултет за архитектура, запишување на летниот семестар ќе направат во објект МИТ Универзитет во Аеродром.
Со почит,
МИТ Универзитет