Новости и Соопштенија

Основите на невропсихологијата - Гостинско предавање

 
 
Picture of Атанас Иваноски
Основите на невропсихологијата - Гостинско предавање
by Атанас Иваноски - Tuesday, 12 March 2019, 9:25 AM
 

На наше големо задоволство, на 21.03.2019 година со почеток во 13:00 часот, на Факултетот за психологија при МИТ Универзитет Скопје, (објект: City Gallery), м-р. Тина Васков ќе одржи гостинско предавање на тема: „Основите на невропсихологијата“.

Тина Васков доаѓа од Центарот за невропсихологија, психотерапија и психологија - "Когниција", како клинички невропсихолог има долгогодишно искуство во психодијагностика и дијагностика на намалено или оштетено мозочно функционирање од различна природа. 
Предавањето ќе ги опфати предметот, целите и задачите на невропсихологијата, како и опис на одредени дијагностички средства кои служат во дијагностицирање на одредени мозочни оштетувања.

Предавањето за студентите по психологија на МИТ Универзитет е задолжително, а останатите заинтересирани може да го пријават своето присуство преку порака во инбокс. Влезот е слободен, но местата се ограничени.