Новости и Соопштенија

Предавање - клиничка настава: Форензичка ентомологија

 
 
Picture of Невена Цонева
Предавање - клиничка настава: Форензичка ентомологија
by Невена Цонева - Friday, 2 December 2016, 5:23 PM
 

Почитувани колеги,

На ден 05.12.2016 година (понеделник) во 11:00 часот во Амфитеатарот 1 на МИТ Универзитет, објект Аеродром, во организација на Факултетот за безбедносни науки, ќе се одржи предавање на тема Форензичка ентомологија: проучување на инсектите во функција на криминалистичко-форензичките истраги на смртните случаи“. Предавач ќе биде Дафина Клековска, дипломиран инженер по биологија и магистрант по форензички науки на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Во текот на предавањето ќе се запознаеме со форензичката ентомологија, како гранка на форензиката, која проучувањата на морфологијата, систематика и биологијата на инсектите и нивните развојни циклуси ги става во функција на криминалистичко-форензичките истраги на криминалните случаи. Практичната примена на оваа научна дисциплина е во откривањето и докажувањето на кривично-правните настани поврзани со смрт. Особен акцент ќе биде ставен на post-mortem интервалот, т.е. времето поминато од настапувањето на смртта, одредено со помош на показателите добиени од инсектите. 


ПРИСУСТВОТО Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСНИ НАУКИ, А ДОБРЕДОЈДЕНИ СЕ СИТЕ ОСТАНАТИ СТУДЕНТИ И НАСТАВНО-СОРАБОТНИЧКИ КАДАР НА МИТ УНИВЕРЗИТЕТ.

ПРЕДАВАЊАТА КОИ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ПО РАСПОРЕД ДО 11:00 ЧАСОТ И ПОСЛЕ ГОСТИНСКОТО ПРЕДАВАЊЕ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ РЕГУЛАРНО