Новости и Соопштенија

Известување за САЕМ ЗА ЧИСТА ЕНЕРГИЈА за студентите на Факутлет за менаџмент на еколошки ресурси

 
 
Слика од Admin User
Известување за САЕМ ЗА ЧИСТА ЕНЕРГИЈА за студентите на Факутлет за менаџмент на еколошки ресурси
од Admin User - среда, јуни 10 2015, 9:44
 
Почитувани,

Ве покануваме да ни се придружите на „Саем за чиста енергија“ кој го организира невладината организација ГОУ ГРИН - Скопје во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер и со поддршка на Амбасадата на Франција во Скопје како дел од *ЕУ неделата на одржлива енергија*. Саемот има за цел да ги запознае младите во Македонија со можностите за академски и професионален развој во областа на обновливите извори на енергија. Настанот ќе се одржи на 16 и 17 јуни во ЕУ Инфо Центар во Скопје од 11 до 15 часот.
Учеството на саемот е бесплатно.
Се надеваме дека ќе добиеме позитивен одговор и заедно ќе пристапиме кон успешна реализација на овој настан.

Со почит,
Факултет за менаџмент на еколошки ресурси