Новости и Соопштенија

Информација за одржување на гостинско предавање – Психолошка работилница

 
 
Admin User 'ın resmi
Информација за одржување на гостинско предавање – Психолошка работилница
yazan Admin User - Salı, 17 Mart 2015, 12:56 ÖS
 
Почитувани,

Во петок (20.03.2015 г.) со почеток во 12:30 часот, во предавална Г на МИТ Универзитет ќе се одржи ПСИХОЛОШКА РАБОТИЛНИЦА „ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ПСИХОДРАМА ПСИХОТЕРАПИЈА“. Психодрамата е една од најкреативните, најиновативните, најинтересните и најделотворните пристапи на психотерапија, со која успешно се работи и индивидуална и групна психотерапија. Нејзината делотворност се простира од успешни третмани на психолошките нарушувања и растројства до вистинскo самоспознавање, напредок, раст и развој на личноста. Работилницата ќе ја одржат колешките од АМИГДАЛА – Школа за Психодрама психотерапија: Мирјана Јовановска-Стојановска, магистер по клиничка психологија и советување, Европски сертифициран супервизор во психотерапија од Гешталт Институт „Метаноја“, Лондон, В. Британија и Маргарита Николовска, магистрант по клиничка психологија и советување, сертифициран Психодрама психотерапевт, тренер по психодрама психотерапија, тренер по психосоцијална рехабилитација со ЕУ сертификат.
Поканети се сите студенти на МИТ Универзитет, додека за студентите на Факултетот за психологија од сите семестри присуството е задолжително.

Со почит,
Факултет за психологија