Новости и Соопштенија

Повик за учество на натпревар на UNESCO

 
 
Picture of Admin User
Повик за учество на натпревар на UNESCO
by Admin User - Friday, 9 September 2011, 12:34 PM
 
Почитувани,
 
УНЕСКО со задоволство ве информира дека во тек е организација на ВИДЕО НАТПРЕВАР во чест на десет годишнината од Универзалната декларација за културни разлики од 2001 год.
 
Овој предизвик е отворен за учесници на возраст од 18 до 26 години без разлика на нивното ниво на квалификација . Фокусот е ставен на кратки видеа ( 90 секунди т.е 1 ипол минута максимум), со идеја меѓу младите да се промовираат и промовираат принципите на универзалната декларација на УНЕСКО за културни разлики. Секое видео треба да понуди свое сопствена визија за значењето,намената и иднината на декларацијата после 10 години од усвојувањето. Видеата може да бидат испратени на било кој јазик но не смеат да бидат преведувани(титлувани) или пак синхронизирани. Значи, вербалната комуникација не треба да биде главна за пренесување на значењето. Сите гледачи, без разлика на јазикот кои го разбираат/говорат да бидат во можност да ја разберат пораката која ја пренесувате.
 
Учеството во овој натпревар е бесплатен . Интернационално жири ќе биде задолжено за селекција на најдобрите кандидати врз база на предселекција која ке биде извршена он-лајн преку каналот на “YouTube”. Авторот на најдоброто видео ке добие неколку дневно патување во Париз или Дигитална камера. Објавата на подетални информации за овој конкурс ќе биде на 19ти Септември на web и facebook страната на УНЕСКО а ќе добиете и наше потсетување.
 
Во исчекување на вашите оригинални идеи
 
UNESCO Клуб МИТ